Останува на сила забраната за користење на водата во Струга.

Struga, Drim river, Ohrid lake, FYRM (Macedonia)

И понатаму е на сила забранат за користење на водата во Струга и околината.Од ЈП „Водовод и канализација“ од Струга информираат дека истата ќе важи до добивање известување од Центарот за јавно здравје од Охрид.Веќе десетина дена водата од чешмите е загадена и забранета за употреба, а матноста достигна и до 30 пати над дозволеното. Истата сега е намалена, но забраната и понатаму востанува на сила. За ваквата состојба општината побара помош и од стручен експерт од приватна компанија. Дополнително, стручен тим од тројца професори од Градежниот факултет од Скопје ќе извршат детална проверка на клучните елементи на системот, меѓу кои: изворот Шум, изворите во Горна Белица, влезните комори, резервоарите за водоснабдување, МХЕ локациите и хлорната станица.Деновиве струшкото Обвинителство оформи предмет и ги истражува причините за загадувањето и дали тоа потекнува од кривични дела против животната средина.

Related Post

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *