Водата во Струга е безбедна за пиење, по еден месец тргната забраната.

Забраната за употреба на водата за пиење од градскиот водовод во Струга се укинува, соопшти попладнево на официјалната фејсбук страница јавното претпријатие „Водовод и канализација“. Информацијата ја сподели и Општина Струга.Анализите на Центарот за јавно здравје и Охрид од земените мостри денеска од изворот „Шум“ и неколку мерни места во градот покажуват матност во дозволените граници, односно 1,11 од извориштето и околу 0,80  во градот, од дозволени 1,5 матност.

Оттаму информираа дека ќе продолжат со земање мостри секој ден поради варирање на вредностите.Водата од градскиот водовод од кој се снабдува Струга и околните села со чиста вода за пиење беше забранте за употреба скоро еден месец поради високо ниво на матност во изворот „Шум“ .

Related Post

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *