Намалена казната за жената што го прегази СЛОБОДАН АНГЕЛОВСКИ. Семејството е револтирано од пресудата.

Гордана Филиповиќ, која на 26 јануари 2022 година го прегази Слободан Ангеловски на пешачки премин во Скопје, во повтореното судење за случајот.

Предметот се судеше по вторпат откако Апелацискиот суд ја укина претходната пресуда. Со првата пресуда Филиповиќ беше осудена на три години затвор, а со новата одлука казната е намалена на две години и шест месеци.

Синот на загинатиот пешак, Столе Ангеловски, за порталот Курир изрази силно незадоволство од пресудата и оцени дека казната е премногу ниска.-Максимално сум разочаран од судството во Македонија. Две години и шест месеци за обвинетата која направила сериозни прекршоци – брзо возење и незастанување на пешачки. Судството не е на два процента, туку е на минус 20 проценти.

Ова е шокантна и некоректна пресуда – изјави Ангеловски. Тој се надева дека Јавното обвинителство ќе ја обжали оваа пресуда.

Related Post

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *