Десетти ден како Стружани немаат исправна вода од изворот кај Шум.Иако матноста која претходно достигна и до 30 пати над дозволеното сега е намалена на 3,62 единици се уште водата е забранета за пиење и употреба и ќе остане така се‘с додека матноста не падне под нивото од дозволени 1,5 единици, информираат од Центарот за јавно здравје.
Од ОЈО од каде отворија предмет за случајот за ТВ 24 брифираат дека се постапува по наредбите издадени од Jавниот обвинител и дека во моментов не можат да се споделат повеќе детали.
Но од партијата Левица велат дека имаат информации оти приватна компанија од самиот извор врши експлоатација на минерали и го повикуваат Државниот инспекторат за животна средина и надлежниот инспекторат во рамки на Министерството за енергетика итно да излезат на терен и да извршат вонреден инспекциски надзор.
Во меѓувреме од Општина Струга информираат дека и Градежниот факултет ќе се вклучи во истрагата околу причините за хаваријата кај Шум односно дека деканот на Градежниот факултет ќе формира тим од тројца професори кои детално ќе ги проверат клучните елементи во водоснабдителниот систем. Вклучително изворот Шум, изворите во Горна Белица, влезните комори, резервоарите за водоснабдување, МХЕ-локациите и хлорната станица.“По извршениот увид, треба да биде изготвен извештај со стручно мислење и конкретни препораки за надминување на состојбата.
Струшкиот градоначалник претходно објави дека ангажирана е и приватна фирма од Скопје во врска со актуелниот проблем за кој прстот го вперува во поранешната локална власт.
Во врска со случајот минатата недела директорот на Јавното претпријатие „Водовод“ Струга си поднесе оставка од морални причини.

