СРБИЈА ОСТРО РЕАГИРА: Хрватска, Албанија и Косово ќе организираат заедничка воена вежба.

Хрватска, Албанија и Косово годинава ќе одржат заедничка воена вежба. Албанскиот министер за одбрана Пиро Венгу ја најави првата заедничка вежба меѓу трите држави. Вежбата произлегува од меморандумот за соработка потпишан на 18 март лани во Тирана.Началниците на генералштабовите на Албанија и на Хрватска, како и командантот на Косовските безбедносни сили, одржале состанок во Скадар.Фокусот го ставиле на координација, интероперабилност и на оперативна подготвеност. Посебен акцент земјите ставиле на заеднички обуки за справување со безбедносни предизвици и со хибридни закани.„Првата трилатерална вежба ќе се одржи во 2026 година, во согласност со Стратешкиот концепт на НАТО и евроатлантските цели“, објавил Венгу.Состанокот во Скадар предизвика реакција од српското Министерство за одбрана. Министерството соопшти дека остро го осудува продлабочувањето на воената соработка.Највисоките претставници на Србија по потпишувањето на меморандумот истакнаа дека тоа претставува кршење на подрегионалниот договор за контрола на оружјето од 1996 година и Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите Нации и дека е директно насочен против Србија.

Related Post

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *