Можете да чуете многу работи од Шекеринска што немаат многу смисла“, критикуваше српскиот претседател Александар Вучиќ на Минхенската безбедносна конференција, коментирајќи ја изјавата на заменик-генералниот секретар на НАТО, Радмила Шекеринска, дека Хрватска и Албанија се сигурни партнери на НАТО и дека нивната воена соработка има за цел да придонесе за стабилноста во регионот. РТС објавува.„За жал, Радмила Шекеринска зборуваше и за други работи што навистина немаат многу смисла“, рече Вучиќ, додавајќи дека, според него, таа сакала да ја критикува Република Српска кога изразила загриженост за сецесионистичките изјави и одлуки во регионот.Тој рече дека оние кои зборуваат за регионот треба да покажат поголемо почитување кон Србите и да бидат внимателни со своите изјави.Заменичката генерална секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, изјави дека Хрватска и Албанија се сигурни и посветени сојузници на Алијансата, кои активно придонесуваат за зачувување на регионалната стабилност, додавајќи дека НАТО не е вклучен во разговорите за можен воен сојуз меѓу Тирана, Приштина и Загреб.

