Вечерва е укината забраната за сообраќај на камиони на патниот правец Гостивар-Кичево преку Стража и обратно. Забраната беше воведена околу 17 часот поради силен снег на планинскиот превој.Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

