Две нови линии до Италија од скопскиот аеродром од јули.

Меѓународниот аеродром „Скопје“, управуван од „ТАВ Македонија“, ја проширува својата мрежа на дестинации со две нови авио линии до Италија, во соработка со „Виз ер“. Линијата „Скопје – Палермо“ започнува на 15 јули, додека линијата „Скопје – Алгеро“ започнува на 18 јули.– Скопје – Палермо (Сицилија): ќе сообраќа три пати неделно – понеделник, среда и петок, со цени достапни од 29,99 евра.– Скопско – Алгеро (Сардинија): ќе има летови двапати неделно – во вторник и сабота, со цени почнувајќи од 39,99 евра.Летовите се планирани како сезонски линии и ќе се нудат до 11 и 12 септември, давајќи им на патниците од Македонија повеќе можности за одмори, градски одмори и директни врски до популарни европски дестинации.

Related Post

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *