Ротација на сите лидери од Коалицијата во идната партија, а не со копретседавање меѓу Меџити и Касами како што според информациите се договориле тие.Според Африм Гаши, актуелниот претседател на Собранието и до неодамна лидер на Алтернатива, ВРЕДИ во иднина мора да стане една партија, но функционирањето да се заснова на рамноправност и консензуално одлучување – како и досега.
Според него, преговорите како коалицијата од четири партии да стане една мора да бидат во насока партијата да биде единствена , без да се направи како што вели штета. Гаши потенцира дека прв човек на Алтернатива е Беким Сали и дека неговата одлука ќе биде е последна особено околу рамноправноста во поделбата на валста , за која според информациите Меџити и Касами имаат поинаква математика, односно Беса и Демократското движење во раководните структури и партиските органи на партијата Вреди да учествуваат со по 35 отсто, а 30 проценти учество да поделат меѓу себе Алтернатива, фракцијата на АА предводена од Арбер Феати, Беким Ќоку од Самоопределување и Движењето Арберија.Според Гаши најдобрата идеја е водството да биде со ротација на сите лидери , а не со копретседавање меѓиу Меџити и Касами како што според информациите се договориле тие . Ако не поминат двата принципи, иднината на Алтернатива е во рацете на Сали, па макар било и оставки.

