Вештачката интелигенција не ги заменува луѓето, туку луѓето што ја користат ќе ги заменат оние кои не ја користат. И во јавниот и во приватниот сектор. Таа помага работите да се извршуваат побрзо, поефикасно, поточно, анализите систематично да се прават побрзо, текстовите да се подготвуваат побрзо.Ова денеска во Собранието го изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски каде учествуваше на јавната расправа посветена на извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР) за подготвеноста на јавниот сектор за примена на вештачка интелигенција. Министерот нагласи дека вештачката интелигенција е ресурс што може значително да ја подобри ефикасността на институциите, но дека човечкиот фактор останува клучен, особено во делот на вредносните и етичките одлуки.Тој посочи дека во неговото министерство веќе се користат различни модели на вештачка интелигенција, но дека тоа не довело до укинување работни места, туку до побрзо и поефикасно извршување на задачите.
Андоновски: Вештачката интелигенција нема да ги замени луѓето – но луѓето што ја користат ќе ги заменат оние кои не ја користат.

