Фудбалерите на Башкими впишаа важна победа, за сигурен пласман на средината на табелата во Првата лига.
Во последниот натпревар до 18 коло Башким на домашен терен во Куманово го победи Пелистер минимално со 1-0.
Единствениот гол натпреварот беше постигнат во првиот дел односно 38-та минута. По корнерот на Алити, на вистинското место се најде Хасан и ја погоди мрежата на битолчани за водство на Башкими од 1-0.

