Договорен бокс меч меѓу Тајсон и Мејведер.

Од бокс-светот доаѓа вистинска „бомба“, а тоа е информацијата дека е договорена спектакуларна егзибициска пресметка меѓу легендарните Мајк Тајсон и Флојд Мејведер.Иако уште во декември се најавуваше можен дуел меѓу двајцата великани, сега работите се конкретизираа и договорен е датумот. Според последните информации, борбата ќе се одржи на 25 април во Конго, каде што се очекува вистински спектакл.И Тајсон и Мејведер во изминатиот период зборуваа дека станува збор за настан кој може да биде една од најгледаните егзибициски борби во историјата, со оглед на тоа што се работи за двајца боксери кои се меѓу најдобрите на сите времиња.Во своите најдобри денови, Тајсон како тешкаш сигурно ќе имаше сериозна предност во однос на Мејведер, кој кариерата ја градеше во пониски категории. Сепак, реалноста денес е поинаква. Тајсон има 59 години и неодамна беше поразен во егзибициски настап против јутубер, што отвора многу прашања околу неговата форма. Но, кога станува збор за вакви имиња, едно е сигурно, интересот ќе биде огромен, а исходот секогаш носи доза неизвесност.

Related Post

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *