Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, пак упати порака до лозарите од кавадаречко Моклиште дека со новите критериуми за добивање субвенции Владата директно ги оштетува средните винарии, а новите правила за субвенции одат во прилог на само неколку големи компании. Тој додаде дека во програма за субвенции во земјоделството и парите се скратени и условите за добивање субвенции се усложнети…

