До 31 март е законскиот рок за поднесување на електронска пресметка за остварениот доход за граѓаните кои во текот на 2025 оствариле плата во странство, соопшти Управата за јавни приход.Тие се должни преку системот е-даночни услуги да поднесат електронска пресметка за доход остварен од странство. УЈП вели дека обврската за поднесување електронска пресметка постои без разлика дали данокот во странската држава е платен или не е платен.Претходно група граѓани од Куманово, кои биле ангажирани во американските бази во Ирак и Авганистан, одржаа протест и официјално поднесоа документација за формирање на граѓанско здружение „Правда за сите“, преку кое планираат институционално да ги бараат своите права. Според нив Управата не споделува информации во врска со истрагата и документацијата доставена од американска фирма, која се смета за клучна во решавањето на нивниот статус и обврски. Бараат локалната власт да се вклучи како медијатор и да помогне во покренување на овие прашања пред централната власт.

