Цената на нафтата може да достигне до 100 долари за барел следнава недела.

Цените на нафтата нагло растат и би можеле да достигнат 100 долари за барел во наредните денови доколку продолжи конфликтот што доведе до речиси целосно запирање на бродскиот сообраќај низ Ормускиот теснец – еден од најважните коридори за транспорт на енергенти во светот.

По една недела од едно од најголемите нарушувања на глобалните енергетски пазари во последните години, цената на нафтата од типот Брент веќе надмина 90 долари за барел, што претставува раст од повеќе од 25 проценти во текот на неделата.

Енергетски трговци и директори од големи компании предупредуваат дека пазарите сè уште ја потценуваат сериозноста на ситуацијата.Според нив, ако затворањето на Ормускиот теснец потрае подолго, цената на нафтата би можела многу брзо да ја пробие границата од 100 долари.„Очекуваме Брент да достигне 100 долари за барел или повеќе во наредните денови или недели, кога пазарот ќе прифати дека затворањето на Ормус не е краткотрајно нарушување, туку настан што може да трае со недели“, изјави Боб Мекнали, претседател на консултантската компанија РЕГ (Rapidan Energy Group) и поранешен функционер во Белата куќа.

Прекинот на транспортот веќе почнува да создава притисок врз физичките пазари на енергенти. Намалувањето на преработката во рафинериите на Блискиот Исток и во Азија доведе до нагло поскапување на горивата како дизел и авионско гориво.Дизелот, на пример, поскапе за повеќе од 50 проценти за само една недела, додека цената на авионското гориво во некои делови од светот надмина 200 долари за барел.

Европскиот природен гас исто така порасна за речиси две третини.Во Персискиот Залив, бројот на празни супертанкери што можат да транспортираат нафта брзо се намалува. На 6 март биле забележани само девет такви бродови, што значи дека производителите наскоро би можеле да бидат принудени да го намалат производството бидејќи складиштата се полнат.Ирак веќе започна да го намалува производството, а Катар привремено го стопираше производството на течен природен гас.

Related Post

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *