Сите пријавувале за насилството во Тафталиџе, само полицијата не го гледала живиот пекол.

Рекациите на јавноста за страшниот случај во скопската општина Карпош се полни со гнев. Што правела полицијата и социјалните служби за да ја заштитат мајкатаМајка на возраст од 30 години и девојче на 6-годишна возраст паднаа од балкон директно во смрт, а оваа трагедија укажа на нефункционалноста на инститциите и неможноста на државата да ги заштити жртвите на насилниците. Имено, многумина сведочат дека мајката и детето со години биле жртви на сопругот кој често доаѓал во алкохолизирана состојба, по што почнувала голготата за мајката, а девојчето, во најмала рака било сведок на тепањето, викањето и кршењето. За ова насилникот бил често пријавуван во полиција, за што сведочи и братот на мајката, како и соседите од зградата во скопско Тафталиџе. И тие пријавувале, доаѓала полиција, некогаш се сомневала во вистинитоста на пријавите (и на мајката и на соседите), но заминувала, а состојбата не се подобрувала.

Related Post

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *