Конфликтот меѓу САД и Израел против Иран може да предизвика значителен скок на инфлацијата во Еврозоната и забавен економски раст, предупреди главниот економист на Европската централна банка (ЕЦБ) Филип Лејн во интервју за Фајненшл тајмс. Зголемувањето на цените на енергијата врши притисок врз инфлацијата, особено на краток рок, а таков конфликт би бил негативен за економската активност, рече Лејн, додавајќи дека обемот на влијанието би зависи од ширината и времетраењето на конфликтот.Претходните анализи на ЕЦБ покажуваат дека одржливиот скок на цените на нафтата, каков што веќе се забележува поради воените дејствија, би можел да ја зголеми инфлацијата за околу 0,5 процентни поени и да го намали растот за 0,1 процентен поен.

