Иранското Министерство за надворешни работи одговори на денешнитезаедничките напади од САД и Израел, велејќи дека земјата „нема да се двоуми“ во својот одговор на обновената воена агресија. „Дојде време да се одбрани татковината и да се соочиме со воениот напад на непријателот“, објави Министерството за надворешни работи во соопштение на Икс. „Исто како што бевме подготвени за преговори, во секое време бевме уште поподготвени за одбрана. Вооружените сили на Исламската Република Иран решително ќе одговорат на агресорите со целосен авторитет.“ Во соопштението на иранските власти се предупредуваат Иранците да ги избегнуваат областите во зоните што се цел на нападите и дека владата направила „претходни подготовки“ за да обезбеди снабдување со основни потреби. На училиштата и универзитетите им е наредено да се затворат, додека во соопштението се вели дека банките ќе продолжат да работат.

