МВР го уапси Артан Груби на граничниот премин Блаце.

-Денес на граничниот премин во 6:10 часот полициски службеници го лишија од слобода лицето А.Г. кој наводно бил баран со меѓународна потерница.

-Артан Груби екс прв вицепремиер од владата на СДСМ и ДУИ, се гони за проневера во служба, во “Државна лотарија ” каде заедно со Перпарим Бајрами се осомничени за сторен криминал од 8 милиони евра преку нарачка на ВЛТ апарати. Груби како раководител на владината седница го одобрил барањето за ВЛТ апаратите иако знаел дека јавната набавка е незаконска и дека лотарија нема право самостојно да организира електронски игри на среќа.

-Но тоа нее единствениот криминал во лотарија. Ревизијата покажа дека над 180 милиони денари или близу 3 милиони евра спорна, невалидна или неуредна документација оставиле Бајрами и Груби во Лотарија.

-Со одлука на влада со која раководел Груби се отуѓи државно земјиште ба фирмата на сопругата на Ковачевски за изградба на фотоволтаици по цена од 70 денари за м².

Related Post

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *