– Министрите очекуваат „привилегираната трговска позиција на Обединетото Кралство со САД“ да продолжи откако царините на американскиот претседател Доналд Трамп беа поништени од Врховниот суд на земјата.„Реципрочните тарифи“ на Трамп, воведени на поголемиот дел од светот минатиот април според законот за вонредни овластувања, денеска беа поништени од Врховниот суд на САД.Велика Британија ја доби најниската царинска стапка од 10 проценти, а последователниот договор склучен меѓу британскиот премиер Кир Стармер и Трамп предвиде дополнителни исклучоци за британската челична индустрија и производителите на автомобили.Денешната одлука иницира прашања за тоа дали тие договори сè уште важат, иако официјалните лица веруваат дека тоа нема да влијае на поголемиот дел од трговијата на Обединетото Кралство со САД, вклучително и повластените договори за челик, автомобили и фармацевтски производи, пренесе ДПА.

