Уапсен принцот Ендру, брат на кралот Чарлс.

Помладиот брат на кралот Чарлс, Ендру е уапсен во четврток, 19 февруари под сомнение за злоупотреба на јавна функција поради наводи дека му испратил доверливи владини документи на Џефри Епстин, објави Би-Би-Си.Полицијата претходно овој месец соопшти дека полицајците ги разгледуваат наводите дека принцот Ендру му доставил документи на починатиот осуден сексуален престапник, според досиејата објавени од американската влада.„Полицијата отвори истрага за кривично дело злоупотреба на јавна функција. Маж во шеесеттите години од Норфолк е уапсен и останува во полициски притвор. Според националните правила, нема да го именуваме уапсениот човек“, се вели во соопштението на полицијата на платформата X.Претходно весници објавија дека шест необележани полициски автомобили и околу осум полицајци во цивил пристигнале во Вуд Фарм на имотот Сандрингам во источна Англија, каде што сега живее принцот Ендру, кој денеска полни 66 години.Поранешниот принц, вториот син на покојната кралица Елизабета, отсекогаш негирал какво било кривично дело во врска со Епстин и изјавил дека жали за нивното пријателство. Но, тој не одговорил на барањата за коментар по последното објавување на документите.Засега нема коментар од Бакингемската палата.

Related Post

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *