ЈСП ИМА АВТОБУСИ СТАРИ И ПО 30 ГОДИНИ, поради тоа за 10 години ЈСП изгубило 30 милиони патници.

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) располага со автобуси кои се стари, а дел од нив се постари од 30 години, често се расипуваат, а само половина од нив ги опслужуваат граѓаните на воспоставените линии. Дури 24% од нив се со Еуро стандард 4.  Ова го покажуваат наодите од последнaта анализа на Центарот за граѓански комуникации.ЈСП располага со 341 автобус, но дневно од нив се исправни само 185, а 157 автобуси возат на улиците во Скопје на сите градски и приградски линии.Споредбата со состојбите од пред 10 години покажува дека бројот на автобуси и колку од нив дневно биле исправни покажува континуирано намалување секоја година.За разлика од сегашните 341 автобус, во 2015 година имало 430 автобуси, односно 89 автобуси повеќе од денес.Состојбата е најлоша кога станува збор за исправните автобуси. Ако во 2015 година имало дневно исправни 316 автобуси, сега има за 40% помалку, односно 185 автобуси.Слична е и состојбата со бројот на автобуси што секој ден се пуштени „во работа“, како што ги означува ЈСП во своите извештаи и статистики. Ако во 2015 година, дневно имало по 213 автобуси во работа, сега во работа има само по 157 автобуси дневно.Освен исправноста на автобусите, анализата покажува и дека автобускиот парк на ЈСП е стар. Нивната просечна старост изнесува 13,3 години и таа е во постојан пораст од 2021 година наваму.Во период од 10 години имало само две набавки на нови возила и тоа било во 2020 година, кога се набавени 33 автобуси од марката „МАН“ и во 2021 година, кога се отпишани постарите автобуси од марката „санос“.Најстари, по 30 години, се десетте автобуси од марката „санос“, набавени уште во минатиот век, а по 13 години старост веќе имаат и кинеските и украинските автобуси.

Related Post

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *