Анкета покажа дека втора е партијата на Бојко Борисов.Доколку изборите се одржат сега, коалицијата околу Румен Радев би добила 25,6 отсто од гласовите на оние кои одговориле дека ќе гласаат. На второ место е ГЕРБ на Бојко Борисов, со 15,4 проценти, а на трето место е коалицијата „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“ со 12,5 отсто, покажа анкетата на агенцијата „Маркет линкс“.Анкетата ја спроведе агенцијата „Маркет линкс“, а резултатите се презентирани денеска.Потоа следува партијата на Дељан Пеевски, ДПС – Нов почеток, која би добила 10,5 отсто од гласовите, па националистичката партија Преродба со 4,5 проценти.Партиите што моментно се застапени во парламентот, БСП, АПС, МЕЧ и Величие, остануваат под бариерата од 4 проценти за влез во парламентот.

