ИЗВЕШТАЈ: Арсенал во петнаесет минути му даде четири гола на Виган.

Фудбалерите на Арсенал без никакви проблеми се пласираа во осминафиналето на ФА Куп, откако на домашен терен убедливо го совладаа Виган со 4-0. Лидерот во Премиер лигата пред неколку дена одигра 1-1 против Брентфорд во шампионатот и му дозволи на Манчестер Сити да се доближи на четири бода, но вечерва избраниците на Микел Артета ја демонстрираа својата моќ против третолигашот. И покрај ротациите, „топчиите“ повторно излегоа со исклучително силен состав и го решија прашањето на победникот уште во првото полувреме.Арсенал поведе во 11. минута кога Еберечи Езе маестрално реагираше на средината од теренот и испрати одличен пас кон Нони Мадуеке, кој излезе сам по десната страна и рутински реализираше за 1-0. Само седум минути подоцна, повторно Езе беше креатор овојпат со прецизна топка кон Габриел Мартинели на левата страна. Бразилецот избега од своите чувари, влезе во казнениот простор и сигурно погоди за 2-0.Во 23. минута Мадуеке и Букајо Сака комбинираа по левата страна, Сака ја заврте топката во петерецот, каде што по мешаницата дефанзивецот Хант несреќно ја смести во сопствената мрежа за 3-0. Одбраната на Виган делуваше дезорганизирано, а тоа Арсенал повторно го искористи во 27. минута. По долгата топка од центарот, Норгард го пронајде Габриел Жезус, кој излезе сам пред голманот Тикл и со елегантен лоб-удар постави убедливи 4-0.Во второто полувреме Арсенал го намали интензитетот, немаше нови погодоци, а тимот на Артета сигурно продолжува понатаму, задржувајќи ги амбициите за освојување на сите трофеи оваа сезона.

Related Post

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *