На 16.02.2026 во 10:30 часот во струшкото село Подгорци, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга го лишија од слобода Д.Р.(28) од истото село. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и куршуми различен калибар.По целосно документирање на настанот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави информираат од МВР. Ова нее прв случај во нашето село за жал има и повеќе случаи со уапсени лица од ваквиот тип.

