Јана Атанасовска без пласман и на трката во слалом.

Mакедонските спортисти го завршија настапот на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина. Јана Атанасовска денеска не ја заврши трката ниту во слалом, и испадна уште на стартот од првото возење. Речиси идентично откажување имаше и на велеслаломската која што се одржа пред неколку денови.Атанасовска направи грешка на стартот, и испадна од натпреварувањето, со што предвреме се откажа од трката. Поради незавршувањето на трката нашата најмлада олимпијка нема да учествува во второто возење закажано за 13:00 часот.Претходно на ЗОИ настапија Ставре Јада, Ана Цветановска и Виктор Петков.По првото возење води Микаела Шифрин од САД, која е и најголема фаворитка за златниот медал.

Related Post

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *