Иако двата тима влегоа во овој дуел десеткувани од повреди (Наполи без Де Брујне и Мектоминеј, Рома без Дибала и Довбик), тоа не го спречи напаѓачкиот фудбал. Стадионот „Диего Армандо Марадона“ беше сведок на „шоуто“ на јануарските засилувања кои покажаа дека веќе се клучни фигури во своите нови тимови.Доњел Мален е новиот миленик на „волчицата“Рома започна фуриозно. Само седум минути му беа потребни на екс-напаѓачот на Астон Вила, Доњел Мален, да го замолкне Неапол. По одличната акција на дебитантот Сарагоса, Мален со лизгачки старт ја смести топката во мрежата за 0:1. Тоа беше негов четврти гол на петтиот натпревар во Серија А, статистика која ветува многу за навивачите на Рома.Спинацола ја „казни“ поранешната љубовНаполи не се предаваше, а израмнувањето дојде од „детето“ на Рома. Леонардо Спинацола во 40-та минута упати вистински проектил од далечина, кој со мала помош од девијацијата на Писили, заврши зад грбот на немоќниот Свилар за делириум на трибините.Драма во вториот дел и емоциите на АлисонВторото полувреме донесе нов шок за домашните. Рахмани направи невнимателен прекршек врз Бразилецот Весли во шеснаесеттникот, а судијата покажа на белата точка. Мален со ладнокрвна реализација во горниот агол стигна до својот втор гол на мечот и донесе нова предност за тимот на Гасперини во 71-та минута.
Сепак, последниот збор го имаше новото име – Алисон Сантос. Јануарското засилување на Конте покажа зошто беше донесен во Неапол. По одличното проигрување на Џоване, Алисон со разорен удар од работ на казнениот простор погоди за 2:2 во 82-та минута. Бразилецот не можеше да ги сокрие емоциите, славејќи го својот прв гол во синиот дрес со солзи во очите.

