Дамјан Стојановски е икона на македонската кошарка, а со освоениот Куп-трофеј со МЗТ Скопје влезе меѓу легендите во натпреварувањето.Стојановски го освои вкупно 11. пехар во Купот на Македонија и стана лидер на „вечната листа“. Зад него заминува Перо Блажевски, кој има десет освоени пехари во натпреварувањето.Семејството Стојановски има богата историја во ова натпреварување и вкупно 25 трофеи. Покрај Дамјан Стојановски со 11 трофеи, на листата се Огнен Стојановски со осум и Војдан Стојановски со шест трофеи.

