Каво време ја очекува Македонија следнава недела? Дождлив старт, потоа сонце и заладени утра

Во текот на следните денови Македонија ќе биде под влијание на влажна воздушна маса, што ќе донесе почести врнежи од дожд, особено за време на викендот и во вторник.

Од среда се очекува постепена стабилизација на времето – повеќе сончеви периоди, суво време и постепен пораст на дневните температури.

Температури – Македонија

  • До понеделник: дневни температури од 12 до 17°C
  • Вторник: посвежо време, максимални од 6 до 10°C
  • Од среда: повторен пораст, дневни од 11 до 16°C
  • Утрински температури: кон крајот на неделата ќе се спуштаат од -2 до 4°C

Ветер – Македонија

За време на врнежливите денови ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од среда и четврток ќе има периоди со северен до североисточен ветер, што ќе донесе посвежи утра.

Related Post

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *