Забраната за употреба на водата за пиење од градскиот водовод во Струга се укинува, соопшти попладнево на официјалната фејсбук страница јавното претпријатие „Водовод и канализација“. Информацијата ја сподели и Општина Струга.Анализите на Центарот за јавно здравје и Охрид од земените мостри денеска од изворот „Шум“ и неколку мерни места во градот покажуват матност во дозволените граници, односно 1,11 од извориштето и околу 0,80 во градот, од дозволени 1,5 матност.
Оттаму информираа дека ќе продолжат со земање мостри секој ден поради варирање на вредностите.Водата од градскиот водовод од кој се снабдува Струга и околните села со чиста вода за пиење беше забранте за употреба скоро еден месец поради високо ниво на матност во изворот „Шум“ .

